fbpx

Облачно и врнежливо време со снег на планините

-

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните и во северните делови од земјава ќе има врнежи кои во пониските подрачја ќе бидат од дожд, а на планините од снег и таму ќе се формира снежна покривка.

Попладне снег ќе има и на повисоките места на запад. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено попладне и долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 5 Целзиусови степени, додека дневната температура ќе биде во интервал од 1 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, со максимална дневна температура до 7 Целзиусови степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Правиме букви“ – утре детска работилница за фонтови во „Бруталиск“

Утре, в недела во 11 часот во КЦ Бруталиск се одржува бесплатна работилница за писма, фонтови и типографија за деца над шест годишна возраст. Под менторство на Небојша Гелевски...