fbpx

Најмалку 38 лица загинаа, а 166 се ранети во двете експлозии во Истанбул

-

Триесет и осум лица загинаа, а 166 се ранети во двете експлозии кои синоќа се случија во близина на стадионот на клубот „Бешикташ“ во центарот на Истанбул, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Целта на нападот бил полициски автобус и најголем дел од загинатите биле полицајци.

– Прво експлодирал автомобилот-бомба, а една минута подоцна се разнел бомбашот-самоубиец – информираше министерот Сојлу.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган овој напад го оцени како терористички, чија што цел била да има што поголем број на жртви.

Експлозиите одекнале два часа по завршување на натпреварот помеѓу фудбалските клубови „Бешикташ“ и „Бурсаспор“.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...