fbpx

Во Собранието ќе се одржат три седници

-

Три собраниски седници денеска ќе се одржат во Собранието на Република Македонија.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за централен регистар, во прво читање.

Комисијата за транспорт и за екологија ќе расправа за предлог-законот за просторно и урбанистичко планирање, предлог-законите за изменување и за дополнување на законите за постапување со бесправно изградени објекти и за домување, сите во прво читање, како и за предлог-законите за изменување и за дополнување на законите за поштенските услуги и за градење во второ читање.

Собраниската Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, денеска на седница ќе расправа за предлог-деловникот за работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...