fbpx

„Викиликс“ објави дека менталното здравје на Џулијан Асанж е загрозено

-

„Викиликс“ објави извештај во кој се наведува дека менталното здравје на основачот на страницата, Џулијан Асанж, ќе биде загрозено ако остане во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Извештајот е објавен пред судското сослушување во Шведска за тоа дали апелацискиот суд ќе го поддржи налогот за неговото апсење по обвинувањето за силување во 2010 година.

„Менталното здравје на господинот Асанж најверојатно ќе се влоши со текот на времето ако остане во сегашната ситуација која треба да се реши што е можно побргу“, се наведува во лекарскиот извештај што го објави „Викиликс“ на „Твитер“.

Извештајот од 27 страници го направил неименуван експерт за траума и за психосоцијална состојба, а составен е на основа на пет разговори водени со Асанж до јуни минатата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уставниот суд пресече, ќе се прегласува на седум избирачки места

Управниот суд ги отфрли како неосновани сите седум тужби на Европскиот фронт кои беа поднесени против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) во однос на парламентарните избори што се...