fbpx

Се продава државно земјиште за изградба на филмски град во Зелениково

-

Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на државно неизградено земјиште во општина Зелениково, за изградба на филмски град. Земјиштето ќе се продава по пат на електронско јавно наддавање.

Градежната парцела е со површина од 157.276 метри квадратни и почетната цена за еден квадратен метар е 110 денари.

Јавното наддавање ќе се одржи на 6 февруари на интернет-страницата www.gradezno-zemjiste.mk, а пријавите за учество треба да се достават најдоцна до 2 февруари.

Како што соопштуваат од министерството, најповолниот понудувач ќе треба да изгради едно големо и едно средно филмско студио, четири објекти за сместување на филмската техника и реквизити, за аудио и за видеопродукција и една административна зграда.

На огласот можат да учествуваат домашни и странски физички лица и компании.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...