fbpx

(ФОТО) Новите живеалишта ја наполнија битолската зоолошка градина

-

Сите патишта ова саботно претпладне водеа кон Зоолошката градина во Битола. Сончевото време и пријатните температури ги примамија битолачни, но и граѓаните од околните градови, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, да ги видат новите реконструирани живеалишта на станарите на зоолошката и да се забавуваат на големиот музички настан.

Комичарот Марјан Ѓоргиевски, како водител на настанот, воодушеви со своите шеги, а неколкуилјадната публика уживаше и во песните на Ламбе, детскиот хор „Звончиња“, „Паркети“, Бојан Стојоков, детските ѕвезди од музичкиот фестивал „Тра-ла-ла“ , детската танцова група „Степ ап“, како и во содржините наменети за најмладата популација. Децата си заминаа со некој подарок како спомен за новиот почеток на Зоолошката градина во Битола.

Центарот за развој на пелагонискиот регион го реализира овој проект во партнерство со Општина Битола и Зоолошката градина во Битола, како и со Општината Лерин и Регионалната развојна агенција од Лерин, Република Грција. За проектот се потрошени околу 700.000 евра.

И во Зоолошката градина денеска се бараше чист воздух. Здружението „За нас се работи“ го распосла големиот транспарент „Битола сака чист воздух“, токму пред претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и пред градоначалниците од пелагониските општини.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...