Трошоците за живот во август, во споредба со истиот месец лани, бележат намалување од 0,3 отсто, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0,2 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Трошоците за живот во август во однос на претходниот месец се намалени за 0,1 отсто.
Намалувањето на цените е резултат на пониските индекси на замрзнатото овошје за 2,9 проценти, свежото и разладеното овошје за 2,5 проценти, оризот за 2,4 проценти, брашното и другите житарици и компирот за 1,7 отсто, другите прехранбени производи за 0,7 отсто.
Во август, исто така, намалување на индексите на трошоците за живот е забележано и кај централното греење за домаќинствата за 10,7 проценти, течните горива за домаќинствата за 5,8 проценти, течните горива и мазива за 3 проценти, гасот за домаќинствата за 2 проценти.
Пораст на индексот на трошоците за живот во август, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај месото за 1 процент, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,9 отсто.