fbpx

Се зголемува бројот на жртвите во нападот во Аден

-

Шеесет загинати и десетици повредени е последниот биланс од самоубиствениот напад врз воен камп за обука во јеменскиот град Аден, соопшти организацијата „Лекари без граници“, додавајќи дека бројот на жртвите би можел да се зголеми.

Светските агенции јавуваат дека напаѓачот со возило влетал во група регрути. Нападот е изведен во делот на градот каде контрола имаат припадниците на Народниот отпор, локални сили кои ѝ помагаат на армијата да ги протера Хутите од јеменскиот главен град, Сана.

Џихадистичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, кој е еден од најголемите напади од почетокот на граѓанската војна во Јемен.

Џихадистите го искористија хаосот во земјата и зазедоа делови од територијата на Јемен.
Судирите во Јемен почнаа во март 2015 година, меѓу меѓународно признаената влада и шиитските бунтовници, сојузници на поранешниот претседател Али Абудал Салех, кој има поддршка од Иран.

Од почетокот на судирите па досега 6.200 лица загинаа, а повредени се околу 275.000. Повеќе од 2,5 милиони лица ги напуштија своите домови.

Борбите продолжуваат и покрај примирјето и почетокот на мировните преговори под покровителство на ОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...