fbpx

Одложено судењето на Људмил Кљусев за нелегална дистрибуција на наркотици

-

Људмил Кљусев, син на првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев, останува во притвор во САД откако судењето за нелегално дистрибуирање наркотици било одложено на негово барање, пишува весникот „Њу Хевен реџистер“.

Како што пишува весникот, Кљусев се изјаснил за невин по обвиненијата за препишување лекови без потреба и за перење пари.

Кљусев, кој во САД работи како психијатар, бил уапсен на 12 ноември минатата година, обвинет дека на пациентите им препишувал големи количества лекови „aдерал“ и „занакс“ (кај нас познат под името „хелекс“) за кои тие му плаќале во готово.

Максималната казна за ова дело е 20 години затвор. Кљусев е, исто така, обвинет и за перење пари, за што му се заканува максимална казна од 10 години затвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...