fbpx

Советот на АВМУ ја усвои Нацрт-методологијата за мониторинг на медиумите за изборите

-

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на денешната седница ја усвоил Нацрт-методологијата за „мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат во 2016 година“, соопштија попладнево од Агенцијата.

Оттаму информираат дека заради обезбедување на максимална транспарентност на процесот на усвојување на документот во финална верзија, како и да се даде можност на сите релевантни субјекти да се вклучат во јавната расправа и преку отворена дебата да дадат свој придонес, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 23 август, во 12 часот ќе организира состанок на кој ќе ја презентира Нацрт-методологијата.

„Агенцијата упати повик до сите радиодифузери, политички партии, здруженија на новинари да земат активно учество на овој состанок и да ги искажат своите предлози, мислења и ставови, поврзани со текстот на Нацрт-методологијата“, стои во соопштението на АВМУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...