fbpx

Утре почнува августовскиот испитен рок за државна матура

-

Матурантите кои во јунската сесија не ја положиле државната матура ќе полагаат од утре до 18 август. Како што соопшти Државниот испитен центар, во августовскиот испитен рок се пријавиле 1.802 ученици.

Утре ќе се полага задолжителниот предмет мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература. Македонски јазик и литература ќе полагаат 128 кандидати, албански јазик и литература 266, а 21 ученик е пријавен за турски јазик и литература.

Во вторник, 16 август, ќе се полага предметот математика за кој се пријавени 88 кандидати, а на 17 август ќе се полага странски јазик. Англиски јазик ќе полагаат 1.294 кандидати, француски јазик и германски јазик по четворица кандидати и еден кандидат за руски јазик.

На 18 август е закажано полагањето по предметите: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика.

ДИЦ соопшти дека бизнис ќе полагаат 199 кандидати, историја 218, биологија 82, филозофија 143, хемија 4, физика 7 и естетика 14.

Испитите по сите предмети ќе почнуваат во 10 часот и ќе се реализираат на 11 локации во Република Македонија. Испитниот материјал истиот ден кога се реализира испитот ќе биде однесен во училиштата и ќе биде вратен во ДИЦ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...