fbpx

Началникот на ГШ на АРМ во посета на македонските мировници во Кабул

-

Воена делегација на АРМ предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Методија Величковски, ќе оствари дводневна официјална посета на македонските мировници и на командата на мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул, Авганистан.

Генералот Величковски во текот на утрешниот ден ќе оствари официјална средба со командантот на мисијата „Одлучна поддршка“, генерал Џон Николсон, како и средби со одговорните старешини во командата за обука, советување и за асистенција на главниот град (КОСАГГ).

Во соопштението се наведува дека за време на престојот во Авганистан на 2 август, македонската воена делегација заедно со сите припадници на АРМ од оваа ротација кои се наоѓаат во мисијата „Одлучна поддршка“ ќе го прослават државниот празник Илинден.

Ова е прва посета на македонските мировници и на командата на „Одлучна поддршка“ од страна на највисокото воено раководство на АРМ од нејзиниот почеток во јануари 2015 година.

Македонскиот контингент го сочинуваат 39 припадници на АРМ кои ги извршуваат должностите во состав на КОСАГГ, силите за обезбедување на главната команда на мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул и во командата за обука, советување и за асистенција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...