fbpx

Пожар во олимпиското село во Рио де Жанеиро

-

Австралискиот олимписки комитет потврди дека избил пожар во зградата во Рио де Жанеиро, поради што се евакуирани персоналот и спортистите од оваа земја.

„Пожар со помал интензитет изби во подрумот на зградата во олимпиското село. Евакуирани се персоналот и спортистите“, стои во соопштението.

Засега не е позната причината за пожарот.

Ова е последен во низата инциденти поврзани со сместувањето на австралискиот олимписки тим. Австралискиот олимписки комитет на 24 јули соопшти дека нема да им дозволи на своите спортисти да влезат во собите затоа што во зградата наменета за нивниот тим тече вода од цевките и од плафонот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...