fbpx

Гитара-квартетот „Аигета“ од Монте Карло вечерва на „Охридско лето“

-

Вечерва, во редовниот термин од 21 часот, во црквата „Света Софија“, концертно ќе се претстават членовите на „Аигета“, гитара-квартет од Монте Карло.

Подемот на квартетот „Аигета“ почнува во 1982 година, кога настапуваат со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло, и оттогаш постојано се присутни на светската музичка сцена.

Ансамблот го сочинуваат четворица извонредни гитаристи – Франсоа Сони, Александре Дел Фа, Филипе Лоли и Оливер Фотрат, кои повеќе од 30 години ги облагородуваат најпрестижните сали во Европа.

Имаат издадено повеќе компакт-дискови, меѓу кои и еден со дела на познатиот американски џез-музичар и пијанист Бил Еванс, како и еден албум целосно посветен на нивните композиции.

Редовни гости се и на некои од најпопуларните интернационални фестивали за гитара.

Покрај дела од класичната музика, квартетот често изведува и дела од џез-музиката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Полицијата вчера пронашла фотографии од избирачкиот список со лични податоци на гласачите кај двајца членови на избирачки одбор од Охрид предложени од една политичка партија. Покрај списокот, тие во...