fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ само креира хаос и ја нарушува безбедноста на граѓаните

-

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вчерашното „палење, демолирање, кршење и вандализам на хулигани од СДСМ и Сорос“, рече Илија Димовски денеска на прес-конференција.

Димовски вели дека со вчерашните настани само се креира хаос и се нарушува безбедноста и спокојството на граѓаните, а се предизвикува и огромна материјална штета врз државните институции.

– Вчера СДСМ демонстрираше анархија и беззаконие преку платени маскирани хулигани со една единствена цел, да го предизвика гневот на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија и да поттикне меѓусебно закрвување и конфликт. Ние знаеме дека тоа им е крајната цел. Вчера СДСМ доживеа дебакл и не успеа да ги наполни ниту половина од автобусите резервирани кај превозниците. Тоа се случи бидејќи голем број од членовите на СДСМ кои размислуваат разумно, рационално и кои чувствуваат патриотизам спрема оваа држава, не сакаа да учествуваат во погубното сценарио на Зоран Заев. Вчера СДСМ го допре дното и покажа во каква политичка агонија се наоѓа. Народот јасно виде дека во партијата нема ниту една конструктивна идеја со која би се излегло на политички мегдан и дека сите капацитети на ова раководство на СДСМ се посветени на целосна деструкција, насилство и на вандализам – рече Димовски.

Тој додаде дека вчерашните настани не се ниту борба за слобода, ниту борба за правда, туку борба на криминалното подземје со легитимните државни институции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...