fbpx

Величковски: Без одвојување на партијата од државата, нема одвојување на насилството од изборите

-

Упадот на обезбедувањето на Груевски во „ТВ21“ покажува какви „брзи“ избори нè очекуваат, оцени претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски.

– За оваа сегашната, немам намера да трошам Ваше време, но очигледно е дека и „техничката“ влада со учество на министрите на СДСМ не променила ништо во функционирањето на институциите. Затоа, без одвојување на партијата од државата, нема одвојување на насилството од изборите – истакна претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, на неформалната средба што ја оствари со локалното раководство на Либералната партија во Свети Николе, придружуван од генералниот секретар Филип Николовски и од портпаролот Петар Горобински.

Според Величковски, обидот за брзи избори само навидум изгледа прагматичен.

– Пазарењето со избирачкиот список меѓу три-четири партиски тимови и претседатели ја дискредитира Државната изборна комисија и таа денес е само статист, без оглед на дизајнот на нејзиното организирање во согласност со Договорот од Пржино. Пар уредувачки позиции во МРТ или шминка на медиумската регулатива со прашален квалитет не се медиумски реформи, туку нивно одлаожување. „Техничка влада“ со ефективна функционалност од максимум два месеци (изземајќи ги одморашките јули и август) е „подарок“ за ВМРО-ДПМНЕ и за Груевски, односно за ДУИ и за Ахмети – оцени Величковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...