fbpx

Трамп им ги укина акредитациите на новинарите на „Вашингтон пост“

-

Извесниот републикански кандидат за претседателските избори во САД, Доналд Трамп, изјави дека веќе нема да им издава акредитации на новинарите на „Вашингтон пост“.

Тој им забрани на претставниците на весникот да бидат во деловите предвидени за новинарите на неговите митинзи за време на кампањата.

„Со оглед на неверојатното неточно покривање и известување од кампањата на Трамп, ги укинуваме новинарските акредитации за лажниот и нечесен „Вашингтон пост“, напиша Трамп на „Фејсбук“.

Еден од најтиражните весници во САД, „Вашингтон пост“, ангажираше цел тим новинари за да напишат книга за Трамп која треба да биде објавена на крајот од годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...