fbpx

ИД во бомбашки напади во Сирија уби повеќе 100 лица

-

Повеќе од 100 лица загинаа во бомбашки напади во два сириски крајбрежни града, Џаблех и Тартус, соопштија набљудувачите од овие области кои се под контрола на владините сили и во кои се наоѓаат руските трупи.

Одговорноста за нападите во двата медитерански града, кои досега беа поштедени од ужасниот конфликт ја презеде Исламска држава.

Мета на нападите, како што соопшти ИД, беа приврзаниците на претседателот на Сирија, Башар ал Асад.

Изведени се најмалку пет самоубиствени напади и експлодирале два автомобили-бомби, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Првите напади биле изведени во Тартус, каде владиниот сојузник Русија има поморска база, а потоа во Џаблех.

Државните медиуми ги потврдија нападите, но јавија за помал број на жртви. Министерството за внатрешни работи навело во своето соопштение дека има повеќе од 20 жртви, но подоцна државните медиуми соопштија дека се убиени 45 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...