fbpx

Амбасада на Холандија: Кундерс ја повтори загриженоста за состојбата во земјата

-

Министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, испрати писмо до четворицата лидери, потписници на Договорот од Пржино, во кое ја повторува загриженоста на ЕУ и на Холандија, како актуелен претседавач со Унијата, во однос на политичката ситуација во земјата, соопштија попладнево од амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија.

Во писмото, како што велат од амбасадата, Кундерс уште еднаш ја истакнал важноста за целосно и безусловно имплементирање на Договорот од Пржино, значаен за македонската евроатлантска иднина и ги повика сите партии за доброто на земјата да најдат излез од кризата.

„Истовремено, во писмото се изразува загриженост за одлуката на претседателот да ги помилува тие што се осудени или се под истрага и го повика претседателот веднаш да ја повлече одлуката“, стои во соопштението од холандската амбасада.

Инаку, денеска холандскиот министер за надворешни работи, чија земја претседава со ЕУ, Берт Кундерс, упати писмо до лидерите на политичките партии потписници на Договорот од Пржино, во кое се изразува сериозна загриженост за состојбата во Македонија и се бара итно наоѓање решение за политичката криза преку целосно спроведување на договореното.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...