fbpx

Орав: Имаме постојани контакти со лидерите на партиите

-

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Аиво Орав, денеска, по заедничката прес-конференција со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), на која беше претставен нов проект, изјави дека има два услови за надминување на политичката криза­.

– Повлекување на аболицијата и целосна соработка со Специјалното јавно обвинителство. Вчера германското министерство за надворешни работи назначи нов претставник. Тоа уште еднаш покажува колку сериозно сме ја процениле оваа криза. Меѓународната заедница се обидува да направи сè што е можно за да ѝ помогне на земјата да излезе од кризата. Имаме постојани контакти со лидерите на партиите и овие контакти ќе продолжат. Следниот краен рок се наближува, 11 мај, кога партиите треба да ги пријават своите кандидати за изборите. Не знам колку партии ќе излезат со кандидати, но гледам дека има забрзаност меѓу политичките партии за да се справат со предизвиците што е можно посериозно. И лидерите на партиите точно знаат што треба да се направи – рече Орав.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...