fbpx

Извештај на Стејт департментот: Македонија страда од корупција, непочитување на судството и притиснати медуми

-

Најголемите проблеми со човековите права во Македонија се поврзани со високото ниво на корупција, неуспехот на владата целосно да го почитува владеењето на правото, вклучувајќи го и постојаното прекршување на слободата на медиумите, мешање во судството, како и селективното гонење, стои во годишниот извештај за човековите права на американскиот Стејт департмент.

Во извештајот се наведува дека судскиот систем во Македонија е неефикасен и оти во него постои корупција, кронизам, непотизам и политичко мешање. Исто така, се наведува дека процесите траат предолго и оти се регистрирани случаи на прекршување на правото на јавно судење. Во документот се нотира дека снимките од неовластеното прислушување кое го вршела владината разузнавачка служба, наводно, откриле докази за политичко мешање во јавната администрација, медиумите, но и високо ниво на корупција.

Стејт департманот наведува дека во текот на минатата година се регистрирани и други видови прекршувања на човековите права, како што е физичко малтретирање на притворени лица и на затвореници од затворските чувари. Во извештајот се наведува дека некои од затворите и од менталните институции се пренатрупани и оти постојат случаи во кои на приведените ненавремено им е дозволен пристап до правна помош. Нотирани се и случаите на кои на Ромите не им е дозволено да ја напуштат земјата, рестрикции за пристап до азил, на домашно насилство врз жените и врз децата, дискриминација на лицата со посебни потреби, дискриминација на етничките малцинства, вклучувајќи ги Ромите и етничките Албанци, социјална дискриминација на припадниците на ЛБГТИ-заедницата, како и злоупотреба на децата што се принудувани да просат.

Владата, како што се наведува во извештајот, презела некои чекори за да се казнат полициските претставници што употребиле прекумерна сила, но незаконитоста и понатаму останува проблем.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...