fbpx

Албански државјанин со украдено возило се обидел да прегази македонски полицајци

-

Албанскиот држајанин А.П. (24) од местото Прењас, илегално ја преминал границата со Македонија и од струшкото село Велешта, од автосервисот „Пети“, одзел патничко моторно возело „фиат мареја“, со кое се вратил кон граничниот премин Ќафасан каде го оставил возилото и преминал на албанска страна.

Потоа, уште еднаш, заедно со уште три други лица, албански државјани, илегално ја преминал границата и со веќе одземеното возило се упатил кон Струга.

На магистралниот пат Ќафасан – Струга, полициски службеници од полициското оделение Франгово, забележувајќи го возилото, се обиделе да го сопрат, но пријавениот А.П. ја зголемил брзината директно насочувајќи го возилото кон еден од полициските службеници, притоа ја изгубил контрола врз управувањето со автомобилот и излетал од патот.

Тој заедно со двајца сопатници успеале да излезат од превртеното возило и да избегаат, додека на четвртиот сопатник, Г.Ш., полициските службеници му пружиле помош и го извлекле од автомобилот. Според него, возилото излетало од патот бидејќи во моментот кога пријавениот А.П. се обидел да го прегази полицискиот службеник, еден од патниците во автомобилот наеднаш го свртел воланот.

Поради постоење основан сомнеж за сторени одземање на моторно возило и напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста, полициската станица од Струга, против А.П. поднесе кривична пријава.

А.П. е лице познато на службата како сторител на повеќе казнени дела на подрачјето на Струга и во околните населени места. Против него и досега, по повеќе основи се поднесувани кривични пријави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...