fbpx

РЕК: Лиценцата на „Макпетрол“ за складирање горива е продолжена за една година

-

Регулаторната комисија за енергетика  ја продолжи лиценцата на „Макпетрол“ АД – Скопје за складирање сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива. Оттаму велат дека задоцнувањето е поради обемност на документацијата потребна за постапката за лиценцирање, како и сложеноста на нејзиното обезбедување од други надлежни институции.

Според РЕК, лиценцата за складирање сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт на „Макпетрол“ АД – Скопје е на сила и истата продолжува да важи до 1 април 2017 година.

– „Макпетрол“ АД – Скопје сè уште е носител на лиценцата за складирање сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, издадена на 2 октомври 2005 година, со која ја врши дејноста складирање на резервите од нафтени деривати во државна сопственост, како и на сопствените резерви – се додава во соопштението на комисијата.

Вчера од „Макпетрол“ информираа дека компанијата нема да складира сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, затоа што на фирмата не ѝ е продолжена лиценцата за вршење енергетска дејност од Регулаторната комисија за енергетика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...