fbpx

ДИК денеска на јавна седница ќе каже до каде е прочистувањето на избирачкиот список

-

Седницата на Државната изборна комисија која требаше да почне денеска во 10 часот доцни поради технички причини, дознава „Мета“. Како што тврдат членови на ДИК, се уште не се обработени податоците од теренската проверка на избирачкиот список.

Се очекува седницата да почне по 11 часот.

Инаку на денешната најавена седница ДИК ќе соопшти кои се резултатите од теренската проверка и кои се следните чекори. Ќе се разгледува извештајот од вкрстените, теренските и од административните проверки за ажурирање на избирачкиот список.

Aдминистративната проверка во МВР и во Министерството за правда, на повеќе од 100.000 спорни гласачи, требаше да биде завршена на 31 март.

Теренската проверка требаше да заврши до 3 април.

На 17 април прочистениот избирачки список треба да биде ставен на увид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...