понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: лиценца | 24 резултати

Преземањето со управување на системот за парно во Скопје е легално

септември 30, 2022

По проверка на законската регулатива може да се констатира дека постапките на Владата и одлуките на Економско-енергетскиот совет се целосно законски покриени, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Премиерот Димитар Ковачевски по седницата на Економско-енергетскиот совет при Владата, соопшти синоќа дека се донесени две клучни одлуки за претстојната сезона есен-пролет […]

ЕУ одлучи да ја изведе пред суд Унгарија поради одземањето на лиценцата за работа на Клубрадио

јули 21, 2022

Организациите за слобода на медиумите ја поздравија одлуката на извршното тело на ЕУ (Европската комисија) да ја изведе Унгарија пред суд поради одземањето на лиценцата за работа на Клубрадио од Будимпешта, едeн од последните поголеми унгарски медиуми кои се критички настроени кон владеењето на Виктор Орбан. „Оваа одлука на извршното тело на ЕУ да ја […]

За да нема прекин на гас во регионот, Гастрејд ќе гради пловечка единица за складирање и ре-гасификација

март 2, 2022

Гастрејд до Регулаторната управа за енергетика на Грција поднел барање за нова лиценца за изведба на самостоен систем за природен гас (INGS), информираат од компанијата. Новиот проект „Thrace INGS“ ќе се состои од пловечка единица за складирање и ре-гасификација и ќе се развива на Тракиското Море, покрај брегот на грчкиот град Александрополис. „Пловечката единица за […]

Министерството за транспорт ја одзеде лиценцата на превозникот „Бога Транс“

јануари 13, 2022

По барање на Државниот инспекторат за транспорт, Министерството за транспорт и врски донесе Решение за одземање на лиценцата за работа на  превозникот „Бога Транс“ од Скопје. „Министерството за транспорт и врски донесе Решение со кое привремено му се забранува вршење на дејност на превозникот, со што му се одземаат лиценците за внатрешен и за меѓународен […]

Одземена туристичката лиценца на компанијата „Беса травел“

јануари 12, 2022

Министерството за економија по 50 дена од автобуската несреќа во Бугарија денеска соопшти дека ја одзело Б-лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса травел“, која што беше подружница за туристичка дејност на „Беса транс“. Нивниот автобус учествуваше во сообраќајната несреќа во која животот го загубија 45 лица во Бугарија. Претходно, Министерството за транспорт и […]

МВР заплени автобус што возел од Скопје кон Истанбул поради серија незаконитости

декември 20, 2021

Не помина ниту еден месец од фаталната несреќа со автобусот на „Беса транс“ во Бугарија, а дел од автобуските превозници продолжуваат со своите незаконитости во превозот на патници. Полицијата вчера околу 17 часот запленила автобус што сообраќал на релацијата од Скопје кон Истанбул на наплатната рампа Миладиновци. „Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки […]

Кобниот автобус поминал технички преглед во октомври, но не бил пријавен во базата на Министерството за транспорт

ноември 23, 2021

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вечерашната прес-конференција по повод автобуската несреќа што се случи во Бугарија, изјави дека на кобниот автобус-учесник во незгодата последна извршена проверка на техничката исправност му била направена на 5 октомври 2021 година. Тој рече дека првичните информации говорат оти во автобусот имало двајца возачи. Министерот за транспорт и […]

Управниот суд сè уште не донел одлука за тоа кој ќе управува со топловодната мрежа во Скопје

јули 8, 2020

Управниот суд сè уште нема донесено пресуда за тоа кој ќе управува со дистрибутивната мрежа на топлинска енергија во главниот град во иднина. АД Градски енергетски системи (ГЕС) на 3 декември 2019 година поднесе тужба против Решението на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за прекин на постапката за издавање на лиценца за дистрибуција на топлинска […]

Лани имало 2.000 нови приклучоци на парно во Скопје, но нема развој на дистрибутивната мрежа

мај 6, 2020

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) лани регистрирала 2.000 нови приклучоци во трите системи за снабдување со топлинска енергија во Скопје. Според Годишниот извештај за работењето на РКЕ во 2019 година, бројот на потрошувачи на топлинска енергија се зголемил на 57.517, од кои над 53.000 се приклучени на системот на БЕГ. Станува збор за рекорден број […]

Уште се чека на Управниот суд да пресече кој ќе управува со топловодната мрежа во Скопје

април 11, 2020

Уште една грејна сезона помина во Скопје, а прашањето за тоа кој ќе управува со топловодната мрежа во главниот град во иднина останува отворено. Сè уште се чека донесувањето на пресудата на Управниот суд во однос на тужбата што ја поднесе АД Градски енергетски ресурси (ГЕС) на почетокот од декември минатата година, против Решението на […]

Град Скопје поднесе барање за лиценца за централното греење

октомври 15, 2019

Градското раководство на Скопје соопшти дека вчера до Регулаторната комисија за енергетика поднело барање за лиценца за дистрибуција на топлинска енергија за јавното претпријатие АД Градски енергетски системи (ГЕС) – Скопје, кое треба да го преземе централното греење во градот. „Во прилог на Барањето за издавање на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија е поднесена […]

„Македонија сообраќај“ нема лиценца, затоа не сообраќа на релација Скопје – Солун

февруари 4, 2018

Министерството за транспорт и врски информираше дека превозникот „Македонија сообраќај“ не сообраќа на релацијата Скопје – Солун, бидејќи нема лиценца. „На превозникот „Македонија сообраќај“, поради нередовно одржување на возната линија Скопје – Солун, пред повеќе од три години му е одземена дозволата за превоз на патници на линијата Скопје – Солун. По две жалбени постапки […]

АХВ со засилени контроли на увозот на бразилско месо

јануари 6, 2018

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека, на бразилската компанија „Сеара алиментос“ (Seara Alimentos LTDA) која извезува месо и во Македонија, и е одземена лиценцата за извоз и е избришана од регистарот на овластени извозници на месо од Бразил. АХВ информацијата ја добила преку Министерството за надворешни работи, каде што пристигнало известување од дипломатско-конзуларното […]

„Макпетрол“: Регулаторната комисија нè присилува да вршиме складирање нафта

април 6, 2016

„Заклучокот на Регулаторната комисија за енергетика, освен што е незаконски, има и елементи на присила бидејќи го продолжи важењето на постојната лиценца на „Макпетрол“ АД – Скопје за уште една година, без да побараме такво нешто“, се вели во реакцијата на компанијата во врска со одлуката на Регулаторна комисија за енергетика да ја продолжи лиценцата на „Макпетрол“ АД […]

РЕК: Лиценцата на „Макпетрол“ за складирање горива е продолжена за една година

април 6, 2016

Регулаторната комисија за енергетика  ја продолжи лиценцата на „Макпетрол“ АД – Скопје за складирање сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива. Оттаму велат дека задоцнувањето е поради обемност на документацијата потребна за постапката за лиценцирање, како и сложеноста на нејзиното обезбедување од други надлежни институции. Според РЕК, лиценцата за складирање сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за […]

„Макпетрол“ остана без лиценца за складирање нафта

април 5, 2016

„Макпетрол АД“ – Скопје повеќе нема да складира сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, затоа што на фирмата не ѝ е продолжена лиценцата за вршење енергетска дејност од Регулаторната комисија за енергетика. – „Макпетрол АД“ – Скопје благовремено поднесе барање за продолжување на лиценцата на 10 јули 2015 година и во прилог достави документација на […]

Жител на Теарце незаконски организирал игри на среќа

јули 29, 2015

Четириесет и тригодишен жител на тетовското село Теарце е осомничен дека незаконски организирал игри на среќа во објект во селото, информира полицијата. Според пријавата, поднесена од Секторот за внатрешни работи Тетово, М.Р. (43) се товари за кривично дело приредување игри на среќа без лиценца, односно без дозвола од належен орган според Законот за игри на среќа […]

Инспекторите ќе полагаат испити за лиценца

мај 26, 2015

Инспекторите и сите што во иднина сакаат да работат како инспектори, до јули наредната година ќе мораат да полагаат испит за да добијат шестгодишна лиценца за работа, пренесува „Утрински“ на својата интеренет-страница. Предлог-правилникот за полагање на испитите денеска бил усвоен на отворена седница на Инспекцискиот совет, а во тек била и подготовка на испитни прашања. „Инспекторите […]

Инженери дале дозвола за енергетски објект што не ги исполнувал минималните технички услови

април 14, 2015

Кичевската полиција поднела кривични пријави против З.Д. (52) и Д.Р. (59), од Тетово, кои се осомничени дека пред пет години, како надзорни градежни инженери, дале согласност да се пушти во употреба енергетски објект кој не ги исполнувал минималите технички услови. Осомничените, според полицијата, се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување. Двајцата осомничени во […]

„Епл“ доби лиценца за свитлив „ајфон“

јануари 8, 2015

„Епл“ доби лиценца за свитливиот телефон „ајфон флекс 2“ (iPhone flex 2), кој освен подобра отпорност, опфаќа и функции што ќе можат да се активираат кога уредот ќе биде „свиткан“. Паметните телефони имаат тенденција да се свиткуваат кога подолго време се држат во џебовите на пантолоните, пред сè, поради својата големина и дебелина. Целта е да […]

Страна 1 од 1