Инспекторите и сите што во иднина сакаат да работат како инспектори, до јули наредната година ќе мораат да полагаат испит за да добијат шестгодишна лиценца за работа, пренесува „Утрински“ на својата интеренет-страница.

Предлог-правилникот за полагање на испитите денеска бил усвоен на отворена седница на Инспекцискиот совет, а во тек била и подготовка на испитни прашања.

„Инспекторите кои имаат привремени лиценци и секој кој сака да полага за инспектор ќе може да се пријави со барање до Инспекцискиот совет и преку електронскиот систем да полага за инспектор. Со тоа ќе стекнат шестгодишна лиценца. Тие, пак, што нема да го положат испитот, нема да добијат привремена лиценца и може да им престане и работниот однос“, изјавил денеска директорот на Инспекцискиот совет, Ванчо Каргов.

Како што пренесува „Утрински“, новина во работата на инспекторите е и тоа што тие ќе бидат оценувани на годишно ниво, што ќе биде основа за нивно наградување или за губење на работното место.