fbpx

МВР заплени автобус што возел од Скопје кон Истанбул поради серија незаконитости

-

Не помина ниту еден месец од фаталната несреќа со автобусот на „Беса транс“ во Бугарија, а дел од автобуските превозници продолжуваат со своите незаконитости во превозот на патници. Полицијата вчера околу 17 часот запленила автобус што сообраќал на релацијата од Скопје кон Истанбул на наплатната рампа Миладиновци.

„Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции по извршена контрола одзеле автобус, сопственост на правно лице од Скопје, кој се движел на релација Скопје-Истанбул, а бил управуван од З.М.(56), поради основано сомнение дека е направен фалсификат по регистрација и број на шасија“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Исто така, од МВР велат дека поради сомнение оти возачот нема лиценца за меѓународен транспорт, известени се надлежните инспектори од Државниот инспекторатот за транспорт за постапување по случајот.

„Во тек е документирање на случајот, за кој следуваат соодветни поднесоци“, информираат од МВР.

Пред неполн месец, на 23 ноември во Бугарија се случи кобна несреќа во која животот го загубија 45 патници што се враќаа од екскурзија од Истанбул. Експертизите од истрагата за несреќата што се води во Бугарија треба да ги покажат причините за несреќата, но она што веќе беше утврдено во земјава е дека автобусот на „Беса транс БТБ“ немал извод од лиценца издадена од Министерството за транспорт и врски, без којшто документ, возилото не смеело да ја премине границата со Бугарија, но и да стигне до Турција и да се врати назад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...