fbpx

Левичарот со хрватски корени Габриел Бориц е нов претседател на Чиле

-

Левичарскиот кандидат Габриел Бориц, којшто е поранешен студентски лидер со хрватски корени, е избран за нов претседател на Чиле во вториот круг од претседателските избори, пренесува Гардијан. На пребројани речиси 97 отсто од гласовите на вчерашните избори, Бориц освоил 55,8 отсто од гласовите и води со 12 проценти пред крајнодесничарскиот противкандидат Хозе Антонио Каст.

Пред своите приврзаници во главниот град Сантјаго, Габриел Бориц рече дека времињата што доаѓаат нема да бидат лесни. Неговите приврзаници ги вееја знамиња со ликот на Бориц, како и знамиња на ЛГБТ групите кои ги поддржаа неговите политики, но и плановите за ревидирање на пазарно ориентираниот економски модел на Чиле.

„Правда, вистина и почит“, им вети Бориц на жителите на оваа јужноамериканска држава.

Противкандидатот Каст му ја честиташе победата на Габриел Бориц, напоменувајќи дека може да сметаат на конструктивна соработка.

Габриел Бориц вети зголемување на социјалните права на населението во Чиле, но и спротивставување на рударските проекти во земјата, вклучувајќи го и проектот вреден 2,5 милијарди долари за ископ на железо, бакар и злато.

Инаку, Бориц успеа да ги освои симпатиите на гласачите во Чиле откако во првиот круг изгуби со 2 проценти од противкандидатот Хозе Антонио Каст, којшто во изборната кампања го фалеше економското наследство на поранешниот чилеански диктатор Аугусто Пиноче.

Предците на Габриел Бориц, се со потекло од Хрватска, неговите прадедо и прабаба ја напуштиле Хрватска пред 1940 година, но Гориц не го знае хрватскиот јазик и само еднаш во својот живот бил во посета на Хрватска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.