Холандската полиција синоќа во Ротердам уапсила 32-годишен Француз, осомничен за подготовка на терористички напад.
Како што јавуваат холандските медиуми, акцијата е спроведена на барање на Париз, а уапсениот наскоро ќе биде испорачан на Франција.
Холандската полиција уапси уште тројца осомничени, од кои двајца се на возраст од 43 и 47 години и се од азијатско потекло. За третиот уапсен не се познати детали.
Неколку куќи во тој кварт во Ротердам биле евакуирани пред апсењето.