fbpx

Кардиналот Паролин ги посети бегалците во Гевгелија

-

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, во придружба на апостолскиот егзарх во Македонија, бискупот Киро Стојанов, денеска неколку часа престојуваше во Гевгелија.

Високодостојникот од Ватикан прво ја посети парохиската црква „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија, каде оствари средба и разговор со католичките сестри и присутните верници, а потоа беше во посета и на привремениот транзитен центар за мигранти во Гевгелија.

Со состојбата во бегалскиот камп, каде моментно престојуваат педесетина мигранти, кардиналот Паролин го запознаа техничкиот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, и раководителот на кампот, Зоран Лазаровски.

Кардиналот Пјетро Паролин се сретна и поразговара и со активистите на невладините организации кои помагаат во справувањето со бегалската криза, како и со затекнатите мигранти во кампот. Најдолго разговараше со мајката и со ожалостеното семејтвото на двете сестри од Авганистан кои неодамна се удавија во Сува Река при обидот нелегално да ја поминат грчко-македонската граница кај гевгелиското село Моин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...