fbpx

Деловни средби помеѓу македонски и шпански компании во Стопанската комора на Македонија

-

Билатерални средби помеѓу македонски и шпански компании се одржаа денеска во Стопанска комора на Македонија, информираат оттаму.

На средбите биле присутни шпански компaнии од областа на фармацевтскатa, електрометалната и од агроиндустријата, градежништвото, како и 16 македонски компании од овие сектори.

Директорката на дирекцијата на регионални комори и за меѓународна соработка, Снежана Камиловска-Трповска, истакна дека средбите во Стопанската комора се исклучително значајни за развојот на економската соработка меѓу двете земји.

Според заменик-амбасадорот на Шпанија во Македонија, Фернандо Лопез де Кастро Гаридо, од 2008 година наваму, во вкупната трговска размена помеѓу Македонија и Шпанија се бележи позитивен напредок, што укажува на фактот дека има простор за проширување на деловните врски меѓу компаниите од овие земји.

Претседателот на Регионалната комора со седиште во Скопје, Горан Рафајловски, додаде дека Македонија, покрај тоа што е отворена за трговска и за соработка во областа на услугите, исто така, особено е заинтересирана за директни инвестиции од компании од Шпанија во индустриските зони.

Во моментов Шпанија е 16. трговски партнер на Македонија. Вкупната трговска размена на Македонија со Шпанија во 2015 година достигна вредност од 177,3 милиони долари, што претставува пораст од 14,36 отсто во однос на 2014 година. Притоа, остварен е извоз кој надминува 100 милиони долари, односно е зголемен за 44,67 отсто, додека увозното салдо изнесува 76,53 милиони долари или пад од 10,37 отсто споредено со 2014 година.

Евидентиран е позитивен биланс на страна на Македонија во трговската размена од 24,28 милиони долари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...