fbpx

Новинарските здруженија и организации прашуваат зошто пропаднаа преговорите за медиумите

-

Средба со претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино бараат Здружението на новинари, Синдикатот на новинари, Македонскиот институт за медиуми, Советот за етика на медиумите и Институтот за комуникациски студии.

Тие од нив бараат објаснување зошто се пропаднати преговорите за медиумските реформи и ги повикаа политичките лидери да го почитуваат Договорот од Пржино во кој, меѓу другото е и прашањето за реформи во медиумите.

– Од Груевски, Заев, Тачи и Ахмети бараме објаснување зошто пропаднаа преговорите за медиумски реформи. Дали проблем за партиите беа мачките на европскиот посредник или, пак, не им се допаднаа неговите предлози за системски реформи. Овие лидери, како потписници на Договорот од Пржино се обврзаa да спроведат сериозни реформи во медиумите. Без овие реформи, Македонија нема да има ниту слободни, ниту веродостојни избори, а нема да излезе ниту од политичката криза – рече на денешната прес-конференција претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Тие инсистира САД и ЕУ да бидат вклучени во разговорите како и досега, а нивниот предлог да биде основа околу кој ќе се бара решение.

– Нашите основни барања се забрана на владини реклами, МРТ и Агенцијата за медиуми да се ослободат од контролата на власта и да се обезбеди нивно стабилно финансирање, да се намалат обврските и казните за приватните медиуми и поголема транспарентност на институциите – порача Селмани.

Новинарските здруженија и организации се децидни дека доколку не успеат да ги седнат политичките лидери на маса, тогаш тие ќе ги искористат сите демократски права за да се изврши притисокот за реформи во медиумите да има.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...