fbpx

Бегалците тонат во кал и вода на Идомени

-

Кампот во Идомени е целосно поплавен, а нивите каде бегалците спијат во шатори се претворени во огромно калливо мочуриште, по вчерашниот поројни врнежи во северна Грција. За над 12.000 луѓе кои се во кампот во Идомени, на границата со Македонија, обидот да се избега од војната во Сирија и лошите услови за живот во Ирак станува се полош кошмар.

Шаторите каде спијат тонат во кал, нема суво место каде би се затскриле, алиштата, чевлите и ќебињата не може да се исушат, а кабаниците кои ги добиваат како помош од волонтерите не помагаат да останат суви поради лошите временски услови.

Лошото време беше и еден од најголемите стравови на бегалците.

– Животот на Идомени ни е безбеден. Полицијата е фина со нас, немаме никакви проблеми. Ние само се плашиме од небото, да не дојде до лошо време и да ни останат децата здрави – изјави во разговор за „Метa“ минатиот викенд, една 40-годишна Сиријка која заедно со своите три деца и сопругот чекаше да добие шанса да замине преку Македонија во Германија.

Но, ниту лошите временски услови не ја сопираат нивната желба да стигнат до Идомени во надеж дека вратата од македонска страна ќе се отвори и ќе успеат да заминат од Грција. Во текот на вчерашниот ден по автопатот кон границата можеа да се забележат групи бегалци како натоварени со торби и ќебиња чекорат кон Идомени.

Секој дел од автопатот кој е малку поширок се користи како див камп. Покрај бензинската пумпа кај Поликастро сега се формирани нови диви кампови.

Грчкиот заменик-министер за одбрана, Димитрис Вицас во изјава за „Фајненшал Тајмс“ истакна дека, веројатно ќе бидат потребни до две години за бегалците да се релоцираат од Грција во друга европска држава или, пак, да бидат вратени во државата во која доаѓаат.

Неговата оценка е дека Грција подолго време ќе остане нивен дом, а дел од нив несомнено и засекогаш ќе останат тука.

Вицас забележа дека грчките власти се обидуваат да ги убедат бегалците дека границите нема да се отвори, барем не во скоро време, со цел да успеат да ги префрлат од Идомени во прифатните центри каде условите за живот се похигиенски и подобри во споредба со кампот на границата.

Грчкиот центар за справување со кризи информира дека до утринава во Грција има регистрирано 44.532 бегалци, од кои 23.042 во северна Грција, 11.131 околу Атина, 9.264 на островите и околу 1.000 во централна Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Силјановска Давкова стана претседателка, при заклетвата не го користеше уставното име

Новата претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, на денешната инаугурација во Собранието, при положувањето на заклетвата избегна да го каже уставното име на државата. Иако претседателот на...