fbpx

Централен регистар ќе избрише повеќе од 8.000 фирми

-

Централен регистар ќе избрише повеќе од 8.000 фирми што не поднеле годишна завршна сметка за 2014 година или не поднеле пријава за упис на адреса на електронска пошта.

Листата која е објавена на крајот на јануари, ќе претрпува дневни промени, па не се знае конечниот број на фирми на кои им се заканува бришење.

– На списокот има угостителски објекти, градежни друштва, ветеринарни амбуланти, трговци на големо и на мало, заштитни работилници, автопревозници, пекарски работилници, колонијали, печатници, салони за мебел, автосервиси, киосци, бутици, продавници за мешовита стока, увозно-извозни фирми, цвеќарници, кабелски оператори, музички уметници, таксисти, филмски продукции, фирми што се занимаваат со издавачка дејност, продавачи на возила, претежно регистрирани за производство, промет и за услуги – велат од Централен регистар.

Според законот за трговски друштва, на овие фирми им се дава период од една година да поведат стечајна постпака или да ја ликвидираат фирмата и за тоа да го известат Централниот регистар.

Доколку не одберат една од двете можности, ќе бидат избришани од регистарот на фирми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.