fbpx

Ципрас: Неопходен е заеднички одговор на бегалската криза

-

Ситуацијата со бегалската криза е тешка и бара соработка на европско ниво за да се реши причината за проблемите, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Грчкиот премиер, на средбата со холандскиот министер за надворешни работи, Берт Кундерс, рече дека е неопходен заеднички одговор на бегалската криза и оти е потребно да се решат причините што довеле до неа, како што е војната во Сирија.

– Целта е приливот на бегалци да се сведе на најмала мера и да се разбијат групите на криумчари – рече Ципрас.

Кундерс навел дека Холандија како претседавач со ЕУ се залага за консултации на европско ниво за решавање на бегалската криза.

Шефот на холандската дипломатија допатува во Атина по посетата на Скопје, каде ги повика членките на ЕУ да не ги затвораат границите за мигрантите и рече дека е најважно да постои „ефикасна гранична контрола“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...