fbpx

Путин и Обама телефонски разговараа за сирискиот конфликт

-

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска телефонски разговарал со својот американски колега, Барак Обама, за прашања поврзани со начинот на решавање на сирискиот конфликт, како и за други актуелни теми од светската политика, соопшти Кремљ.

Претседателите се договориле за интензивирање на дипломатската и на други видови соработка, за да се спроведе договорениот прекин на огнот во Сирија, кој во четвртокот беше постигнат во Минхен.

Во соопштението се наведува дека Путин го истакнал значењето на заедничката борба против тероризмот и рекол дека не треба да се применуваат двојни стандарди. Тој, исто така, укажал на неопходноста од поблиска соработка „меѓу одбранбените служби на Русија и на САД во борбата против Исламска држава“.

Путин се осврнал и на состојбата во Украина, при што изразил надеж дека „Киев ќе преземе практични чекори во спроведувањето на своите обврски од мировниот договор од Минск“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...