fbpx

Иванов ќе се обрати на панел-дискусијата на Минхенската безбедносна конференција

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска, во рамки на 52. Минхенска безбедносна конференција, ќе се обрати на панел-дискусијата „Кон понатамошна евроатлантска интеграција на Југоисточна Европа“.

Покрај Иванов, кој четврти пат учествува на Минхенската безбедносна конференција, на панел-дискусијата ќе учествуваат и претседателите на Хрватска и на Словенија, Колинда Грабар-Китаровиќ и Борут Пахор, како и премиерите на Црна Гора и на Косово, Мило Ѓукановиќ и Иса Мустафа.

Вчера, на првиот ден од конференцијата, македонскиот претседател имаше средби со претседателот на Словенија, Борут Пахор, со шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак, и со австрискиот министер за одбрана, Ханс Петер Досјоцил. Денеска, на маргините на конференцијата, Иванов ќе се сретне со врховниот командант на НАТО за Европа, генерал Филип Бридлав, со генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, и со помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд.

На конференцијата учествуваат околу 30 шефови на држави или влади и 70-тина министри за надворешни работи или одбрана, а главни теми се војната во Сирија, европскиот одговор на бегалската криза и иднината на безбедносниот поредок во Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...