fbpx

Обвинителките не биле отстранети оти „играле за друг тим“, туку поради помал обем на работа

-

Дали двете обвинителки од тимот на Катица Јанева биле „разрешени“, „избркани“ или „самите заминале“, и понатаму останува нејасно, а уште поголема мистерија за јавноста се причините околу тоа, односно зошто повеќе не се во тимот на специјалната обвинителка.

На прашање на „Мета“ дали двете обвинителки се отстранети од тимот бидејќи „работеле за друг тим“, од кабинетот на Јанева го повторуваат одговорот од пред неколку дена.

„По однос на причината за отстранување на двете обвинителки од тимот, појаснуваме дека утврдено е дека за совладување на обемот на работа со кој се соочува ова јавно обвинителство во овој момент доволни се десет обвинители. Имајќи го предвид фактот дека јавните обвинителства од каде доаѓаат јавните обвинители се соочуваат со недостиг од кадар, што и јавно беше соопштено од Советот на јавни обвинители, предложено е на Советот на јавни обвинители да ги распредели овие обвинители во обвинителствата од кои беа избрани во ова јавно обвинителство“, стои во одговорот на Специјалното јавно обвинителство на ова прашање.

„Само специјалната обвинителка Катица Јанева знае зошто ние сме вишок или кусок и зошто носи такви одлуки, еднострани, некоректни и несогласни со кодексот на однесување на јавните обвинители“, изјави во средата обвинителката Лејла Кадриу, која заедно со својата колешка, Марија Ѓорѓева, пред една недела беше отстранета од тимот на Јанева.

Двете обвинителки во средата беа сослушани од тричлена комисија на Советот на јавни обвинители.

В понеделеник на прашањата на тричлената комисија, во врска со случајот, ќе одговара и специјалната обвинителка, која за „Мета“ го потврди присуството на седницата на Советот на јавни обвинители.

„За понеделник е закажана седницата на Советот на јавни обвинители на која е поканета и специјалната јавна обвинителка, која ќе присуствува на седницата и ќе даде одговор на поставените прашања“, ни соопштија од кабинетот на Јанева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...