fbpx

Лејла Кадриу: Само Катица Јанева знае зошто нè избрка

-

Само специјалната обвинителка Катица Јанева знае зошто ние сме вишок или кусок и зошто носи такви одлуки, еднострани, некоректни и несогласни со кодексот на однесување на јавните обвинители, вели во изјава за „Канал 5“, обвинителката Лејла Кадриу, која заедно со својата колешка, Марија Ѓорѓева, пред една недела биле отстранети од тимот на специјалната обвинителка.

„Работев редовно, сите задачи, како и другите обвинители што се таму. За тоа каде настана проблем, ќе ја прашате Катица Јанева. Таа не рече ништо освен дека не сме дел од тимот. Толку. Ништо не ни објасни. Ние прашавме, ама ништо. Немаше никакви несогласувања до моментот кога ни рече да излеземе од канцеларија и да ги предадеме предметите. Немаше никаква забелешка, ни усмена, ни писмена. Ние работевме на предмети, а тие се предадени со записник за примопредавање на колегите. Советот за тоа викаше од почеток дека се доволни седум обвинители, а обвинителката мислеше дека требаат повеќе. Ѝ се удоволи на нејзиното барање“, вели Кадриу.

Од кабинетот на Јанева вчера, по обелоденувањето на промените во нејзиниот тим, од страна на претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, за „Мета“ рекоа дека според обемот на работа на специјалното обвинителство, во моментов му биле доволно 10 обвинители.

„Утврдено е дека за совладување на обемот на работа со кој се соочува ова јавно обвинителство во овој момент доволни се десет обвинители. Имајќи го предвид фактот дека јавните обвинителства од каде доаѓаат јавните обвинители се соочуваат со недостиг од кадар, што и јавно беше соопштено од Советот на јавни обвинители, предложено е на Советот на јавни обвинители да ги распредели овие обвинители во обвинителствата од кои беа избрани во ова јавно обвинителство“, рекоа вчера за „Мета“ од Специјалното јавно обвинителство.

Двете обвинителки денеска биле сослушани од тричлена комисија на Советот на јавни обвинители, која треба да го расчисти случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...