fbpx

Аневски: Јанева разреши две обвинителки од својот тим

-

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, разрешила две обвинителки од својот тим, соопшти денеска претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, по завршувањето на денешната седница.

Како што рече Аневски, Јанева на своја иницијатива ги отстранила обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева и им рекла да ги вратат предметите и токените, да ги исчистат бироата, да ги напуштат канцелариите и да се сместат кај полицајците.

Двете обвинителки на 20 јануари за разрешувањето се пожалиле и го пријавиле случајот во Советот на јавни обвинители.

– Вчера добивме писмо од Специјалното јавно обвинителство дека двете обвинителки самите барале да заминат поради намалениот обем на работа. Вие знаете дека пред неколку месеци се расправавме токму за бројот на јавни обвинители, дали треба да бидат повеќе или помалку. Во врска со ова прашање, Советот формираше комисија од тројца членови кои треба да го испитаат овој случај. Сега треба да се донесе и одлука за намалување на бројот на обвинители. Деновиве ќе имаме состанок на кој, покрај двајцата разрешени обвинители, ќе биде поканета и Јанева за да даде свое објаснување за ситуацијата – изјави Аневски.

Во врска со материјалите од прислушуваните разговори, кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ѝ ги предаде на специјалната обвинителка, Аневски рече дека на денешната седница била донесена одлука да се побараат од Специјалното јавно обвинителство податоци за бројот на примени предмети, дали е направен записник при примопредавањето и други статистички податоци.

– Според член 7, став 1 од Законот за специјалното јавно обвинителство, ова обвинителство одговара пред Советот на јавни обвинители и пред Собранието. Во ставот 3 од истиот член, се наведува дека јавниот обвинител за своето стручно постапување, одговара само пред Советот на јавни обвинители, поради што ние имаме право да ги побараме овие податоци – рече Аневски.

Тој рече дека наводите што се појавуваат во јавноста за кривични пријави за Катица Јанева се несериозни и дека тоа нема да се случи, но не прицизираше и не одговори какви санкции би следувале доколку се утврди дека е прекршен законот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...