Ванхауте: Избори на кои не учествуваат сите политички партии се проблематични избори

-

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте денеска, пред почетокот на средбата на работните групи во Клубот на пратеници, рече дека, според него, можно е да се постигне договор за законот за медиуми и дека е добро што политичките партии даваат свои предлози, кои не се конечни решенија, туку само предлози.

Тој потврди дека со некои од предлозите има проблем затоа што не се според стандардите на Европската унија. Ванхауте, исто така, додаде дека нема формален договор за методологијата за прочистување на избирачкиот список, но е задоволен што може да каже дека Државната изборна комисија (ДИК) прави сè што може за прочистување на избирачкиот список.

Одговарајќи на новинарско прашање, белгискиот олеснувач рече дека ако нема доволно време да се подготват изборите, според него, тоа може да бидат проблематични избори. Исто така, како одговор на новинарско прашање, Ванхауте рече дека избори кои не се инклузивни, односно на кои не учествуваат сите политички партии, се проблем за демократијата и за државата.

Според него, одговорноста ја имаат и власта и опозицијата, а владејачката коалиција треба да ги направи условите за изборите атрактивни за опозицијата.

Врховниот суд во САД одлучува за границите меѓу извршната и судската власт

Колкава моќ треба да имаат федералните судии во САД? Ова клучно прашање сега се наоѓа пред Врховниот суд на САД (SCOTUS), во контекст на извршна наредба донесена од поранешниот претседател Доналд...

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Во раните утрински часови денеска дојде до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија на делови од електроенергетскиот систем на Македонија, откако настана дефект во 110 kV преносната мрежа, велат од...

Утрово почувствувани два послаби земјотреси во Охрид и Струга

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 18 мај, во 5:07 и 5:16 часот, се регистрирани два земјотреси со епицентар во подрачјето Пештани – Охрид – Струга, на...

Израелски воздушни напади убија над 100 лица во Газа во пресрет на нова рунда мировни преговори

Најмалку 100 лица загинаа во текот на ноќта во воздушни напади извршени од страна на израелските сили врз појасот Газа, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава во неделата. Нападите доаѓаат...

Врховниот суд во САД одлучува за границите меѓу извршната и судската власт

Колкава моќ треба да имаат федералните судии во САД? Ова клучно прашање сега се наоѓа пред Врховниот суд на САД (SCOTUS), во контекст на извршна наредба донесена од поранешниот...