Најмалку четири лица биле убиени денеска, а 18 биле ранети во напад на шиитска џамија на истокот на Саудиска Арабија, соопшти министерството за внатрешни работи.

Пукањето почнало за време на молитва, а полициски и амбулантни возила бргу дошле на местото на нападот. Вооружениот маж бил совладан од страна на момчиња од џамијата и бил одведен во полиција, велат очевидци.

Шиитите се честа мета на припадниците на терористичката организација Исламска држава во Саудиска Арабија.