fbpx

ТМ: ВМРО-ДПМНЕ на американски компании им платила 1,7 милиони долари за лобирање

-

Од објавените копии од договорите, во изминатите недели стана јасно дека ВМРО-ДПМНЕ ангажирала неколку американски компании за политичко лобирање и за пропагандна поддршка во САД. Според договорите, вкупните суми кои досега се објавени изнесуваат околу 1,7 милиони долари, што, за македонски услови, претставуваат шокантни финансиски износи со кои, очигледно, располага оваа партија – се вели во соопштението на „Транспарентност Македонија“ (ТМ).

Во наведените суми не се вклучени патните, дневните и други трошоци што ќе произлезат од склучените договори со овие лоби-фирми.

Од „Транспарентност Македонија“ потсетуваат дека во Законот за финансирање на политичките партии, пак, е пропишано дека финансирањето на политичките партии е јавно и транспарентно, со целосен увид од страна на граѓаните и на надлежниот орган за контрола на финансиско-материјално работење.

Оттука, тие го прашуваат јавниот обвинител Марко Зврлевски, дали препознава основа за испитување на потеклото на парите на ВМРО-ДПМНЕ?

– „Транспарентност Македонија“ го повикува претседателот на Владата, Емил Димитриев, кој е потписник на овие договори во својство на тогашен генерален секретар на својата партија, да го објасни потеклото на парите со кои ВМРО-ДПМНЕ лобира во странство – се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...