fbpx

Британија: Путин веројатно го одобрил убиството на Литвиненко

-

Во извештајот на британската комисија што ја води истрагата за смртта на рускиот разузнавач Александар Литвиненко се наведува дека зад неговото труење „стои руската влада“, а претседателот Владимир Путин веројатно го одобрил убиството“.

Литвиненко е отруен во Лондон со радиоактивен полониум 2010 пред десет години, а резултатите од истрагата покажаа дека голема е можноста убиството да го извршиле руските државјани Дмитриј Ковтун и Адреј Луговој, кои дејствувале по наредба на Федералните служби за безбедност (ФСБ).

Во пораката од смртната постела, Литвиненко рече дека за неговата смрт е одговорен Владимир Путин.

Литвиненко работел за ФСБ пред доаѓањето во Велика Британија, а замина во егзил откако стана остар критичар на рускиот претседател.

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека британскиот извештај е пристрасен и нетранспарентен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...