fbpx

УХМР: Jугозападниот ветер донесе пролетна температура и невреме

-

Топол јужен ветер и висока температура до 16 Целзиусови степени се забележуваат низ Македонија во текот на денешниот ден. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека оваа состојба денеска се должи на присуството на силен југозападниот ветер кој носи топла воздушна маса и врнежи од дожд.

– Денеска има зголемено присуство на силен југозападен ветер, кој носи топла воздушна маса од запад – југозапад и во западните делови врнежи од дожд. Брзината на ветерот се движи од 70 до 100 километри на час. Веќе од петок очекуваме промена на временската состојба со намалување на температурата и со врнежи од снег на планинските места, но и во некои котлини. Ќе има изрзено северно воздушно струење и врнежи од снег – вели Лена Јовановска, дежурен синоптичар од Управата за хидрометеоролошки работи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...