fbpx

Бензинот и дизелот ќе поевтинат

-

Бензинот од ноќеска на полноќ ќе поевтини за половина денар, а дизелот за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар „еуросупер БС-95“ ќе се продава за 61 денар, а „еуросуперБС-98“ за 63 денари. Новата цена на „еуродизел“ ќе изнесува 42,50 денари.

Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на горивата врз основа на движењата на цената на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите 14 дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинска амбасада: Путин е нелегитимно изгласан за претседател

Спроведувањето на претседателските избори во Русија во окупираните територии на Украина ја прави победата на Владимир Путин нелегитимна, пишува украинската амбасада на С. Македонија во соопштение, во кое се...