fbpx

30 отсто од заболените од грип во Македонија се од Тетовско

-

Центарот за јавно здравје Тетово има регистрирано 376 лица заболени од сезонски грип или 30 отсто од вкупниот број заболени на територијата на целата земја.

Лекарите велат дека аерозагадувањето многу придонесува за порастот на бројката на лица заболени од сезонски грип. Суспендираните честички од прав со големина до 10 микрометри се способни да навлезат во респираторниот систем и да го направат подложен на инфекции.

Ординациите на матичните лекари деновиве се преполни со лица кои се жалат на респираторни заболувања. Лекарите предупредуваат дека во наредниот период ќе се зголеми бројката на заболени од сезонски грип.

– За да се избегнат ваквите сезонски болести, потребно е да се избегнува близок контакт со луѓе што кашлаат, киваат или имаат зголемена телесна температура. Во овој период на сезонски грип, мора многу да внимаваме и на хигиената – вели д-р Гзим Нуредини.

Тетовци и понатаму се задушуваат во загаден воздух. Викендов среднодневните концентрации на честичките ПМ10 во воздухот изнесуваа 330 микрограми на еден кубен метар или шестпати повеќе од дозволената вредност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...