fbpx

Грција одобри закон за истополови граѓански партнерства

-

Грчкиот парламент со 194 гласа „за“ го одобри законот за истополови граѓански партнерства. Со изгласувањето на овој закон, хомосексуалните двојки во Грција што ќе се одлучат за цивилен брак, отсега ќе ги имаат истите права како и хетеросексуалните брачни партнери. Грција со изгласување на овој закон прави чекор напред во усогласување на своето законодавство и почитување на човековите права во согласност со европските принципи.

Гласањето на законот помина со многу контроверзии, несогласувања и со драма во грчкиот парламент. Кон гласовите на владејачката СИРИЗА, се приклучија и пратеници од опозициските ПАСОК, Река, Унијата на центристите, но и 29 од десничарските пратеници на Нова демократија, како поранешната шефица на дипломатијата, Дора Бакојани.

Зад законот не застанаа целосно коалициските партнери на СИРИЗА, Независни Грци. Остар противник на законот беше лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, кој одлучи и воопшто да не се појави на гласањето. Само тројца од деветте пратеници на десничарската партија, која е во коалиција со СИРИЗА, гласаа за законот.

Премиерот Алексис Ципрас оцени дека ова е историски чекор за парламентот и за државата и ѝ се извини на грчката ЛГБТ-заедница за овој задоцнет закон и за долгогодишното угнетување на нивните права.

– Со ова изгласување се затвора кругот на враќање наназад и на срам за грчката држава, како и круг на одбивање и на изолирање на нашите сограѓани кои поради својата сексуална определба немаа права да живеат заедно со своите партнери и да уживаат во истите брачни права како и другите. Се извинуваме до илјадници наши сограѓани поради доцнењето на овој закон – истакна Ципрас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...