fbpx

Двајца жители на село Герман киднапирале и силувале 25-годишна жена

-

Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против Б.С. (25) и Б.С. (32), двајцата од селото Герман, осомничени за киднапирање и за силување на 25-годишна жена од селото Нерав.

Според пријавата, двајцата осомничени се товарат за противправно лишување од слобода и за силување. Судија на претходна постапка на двајцата им одредил притвор од 30 дена.

Како што инфомрираат од МВР, осомничените во периодот од 9 до 21 декември, во куќа во селото Герман, ја држеле како заложник 25-годишната жена и со закани, врз неа вршеле полови дејства.

Покрај тоа, осомничените, според полицијата, ја ограбиле жената, земајќи ѝ 500 евра, мобилен телефон, златно синџирче, а и забраниле да комуницира со нејзините малолетни деца и со невенчаниот сопруг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...