fbpx

Кина ги обвини САД за сериозна воена провокација

-

Кина ги обвини САД за сериозна воена провокација затоа што американски бомбардер прелетал над еден од кинеските вештачки острови во Јужното Кинеско Море.

Кинеското министерство за одбрана соопшти дека САД намерно ги поткреваат тензиите во спорната област.

Вашингтон е повикан веднаш да преземе чекори да спречи повторување на вакви инциденти и загрозување на односите на војските на двете земји.

Во соопштението Кина предупредува дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ги заштити суверенитетот и безбедноста.

Портпаролот на Пентагон, Бил Урбан, во петокот соопшти дека САД редовно организираат пробни летови на бомбардерот „Б-52“ во регионот, но дека немало план авионот да лета на помалку од 12 наутички милји од кој било вештачки остров што Кина го гради на тој дел од морето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...